Покрај фудбалот, голема страст на сопственикот на фудбалскиот клуб Челси, Роман Абрамович, се и автомобилите.
Абрамовиќ во својата „ергела“ има 15 автомобили. Најскап автомобил во неговата колекција чини 2,5 милиони фунти, а најефтиниот има цена од 100.000 фунти.
Пагани Зонда Р
Овој автомобил е бисерот во клекцијата на Абрамович. Во светот има само 15 вакви автомобили. „Пагани Зонда Р“ нема дозвола да се вози по нормалните патишта, единствено место каде сопственикот на Челси може да ја вози оваа машина е тркачката патека. Абрамовиќ пред две години издвоил 2,5 милиони фунти за овој автомобил.
Порше 911 ГТ1 Ево
Втор според вредност е автомобилот на „Порше 911 ГТ1 Ево“. За овој модел на „Порше“ од 90.години, Абрамович платил 1,7 милиони фунти. Неодамна на аукција ваков модел достигнал цена од 2,3 милиони фунти.
Ферари ГХХ
Рускиот тајкун во својата колекција поседува и „Ферари“. За моделот на италијанскиот бренд „ФХХ“, Абрамович издвоил 1,6 милиони фунти. Во светот има само 30 вакви автомобили.
Бугати Вејрон
Секој сериозен колекционер на автомобили мора да го има овој модел на „Бугати“. Автомобилот е хит на уличните трки. Со овој автомобил може да се достигне брзина и од 267 километри на час. Абрамович издвоил 1,5 милиони фунти за овој автомобил
Астон Мартин Вулкан
Уште една лимитирана серија на врвен спортски автомобил. Абрамовиќ го поседува од 2015 година, за него платил 1,2 милиони фунти. Сопствениците немаат дозвола да го возат низ улиците. Во светот постојат само 24 вакви возила.
Масерати МЦ12 Корса
Уште еден од автомобилите што ги поседува Абрамович, а што немаат дозвола да се возат низ улиците. Постојат само 12 вакви возила во светот. „Масерати“, во 2005 година за дизајнот ги собра сите можни награди. Абрамович го платил 1,1 милиони фунти.
Мерцедес-Бенц ЦЛК ГТР
Овој автомобил на Мерцедес е од 90.години на минатиот век кога бил вистински хит низ светот. Направен е за трки, а долги години бил неприкосновен на прочуената трка „24 часа Ле Ман“. Тајкунот го плати еден милион фунти.
Мајбах 62
Абрамович има два вакви автомобили во својата гаража. Предноста на овој автомобил е што е отпорен на куршуми, дури и на бомби. Поради безбедноста тој има два вакви автомобили, а цената за еден изнесува еден милион фунти.
Ламборџини
Уште еден модел што преставува раритет во светот на автомобилите. Ламборџини, во 2007 година, направил смао 20 вакви автомобили. Абрамович за него платил 840.000 фунти.
Ферари 488 ГТ3
Моделот за кој издвоил 670.000 фунти, рускиот тајкун веќе неколку пати го тестирал на тркачките патеки.
Порше Карера ГТ
„Порше“ од овој модел во периодот од 2003 до 2007 година направил 1.270 автомобили. Својето возило Абрамович го платил 600.000 фунти.
Ролс Ројс Корниш
Овој модел може да се набави по цена од 100.000 фунти, но моделот што го поседува Абрамович е посебен. Имено табличката „ВИП1“ има своја историја бидејќи е креирана за посетата на папата Јован Павле на Ирска во 1979 година. Абрамович го платил 285.000 фунти, а неговата вредност сега изнесува 600.000 фунти.
Мерцедес-Бенц АМГ ГТ3
Ова е уште еден Мерцедес-Бенц во гаражата на Абрамович. Овој модел е од пред три години, а дизајнот е во чест на моделот од 1950 година. Сопственикот на Челси овој модел го возел на патеката Нинбургринг. За него платил 300.000 фунти.
Ферари 360
Најефтин модел на „Ферари“ во колекцијата на Роман Абрамович. Овој автомобил има посебно место во срцето на Абрамович. Со овој автомобил прв пат се појавил во лондон во 2003 година. За него платил 120.000 фунти.
Тесла Модел С
Најефтиниот автомобил во гаражата на Абрамович е моделот на „Тесла“, чија цена изнесува 100.000 фунти. Интересно за членови на семејството, пријателите и соработниците тој купил 20 вакви модели.