Поранешниот фудбалер на Лидс и Манчестер сити, Дени Милс, го имаше еден од најинтересните гафови во живо на ТВ, откако јасно го искажа своето мислење за ситуацијата во Манчестер јунајтед кога си мислеше дека камерата престанала да го снима.
Кога презентерот на „Скај спортс“ Питер Грејвс му посочи дека се подготвува пауза за реклами, 44-годишниот Милс кратко посочи: „Во основа, Јунајтед се ср.ње“. Грејвс се обиде да остане сериозен и одговори: „Одличен разговор, момци, ова беше интересно“.
Just watching the football show on @SkySports wasn’t expecting a simple honest appraisal of man united from Danny mills#LiverpoolFC pic.twitter.com/FkLICUSF5x
— graham swift (@Swifto78) October 27, 2021