Рајо Валјекано на македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, има неочекувано 1:0 водство против Барселона, откако Радамел Фалкао и на 35 години покажа дека не загубил чувство за гол.
Иако Барса имаа над 70 отсто од поседот на топката, во 29. минута од мечот, по загубена топка на средината на теренот, колумбискиот ветеран маестрално ја „измести“ одбраната на Каталонците, пред да го матира Марк-Андре Тер Штеген.
?? Radamel, siempre FALCAO. El Tigre sigue IMPARABLE en el #RayoVallecano y ahora lo sufre el #Barcelona con este golazo.
35 años de PURA CATEGORÍA.pic.twitter.com/6O2j0vrJYo
— Secta Deportiva (@SectaDeporOk) October 27, 2021