Top Sport

Андер Ерера ограбен од проститутка на семафор во Париз

Шпанскиот фудбалер на Пари Сен-Жермен, Андер Ерера останал без мобилниот телефон и паричникот откако проститутка влегла во неговиот автомобил, тврдат француските медиуми.

32-годишниот Ерера, поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед, бил застанат на семафор во Боа де Булоњ во западен Париз, по што проститутка влегла во неговиот автомобил и успеала да го ограби по што добил упатства да вози до одредена локација во градот ако сака да си ги врати работите, тврди францускиот „Ле поинт“.

Ерера го пријавил случајот на полицијата и тврдел дека жената држи нешто во својата рака што наликувало на оружје. Кога ја послушал наредбата, го добил мобилниот телефон назад, и останал само без 200 евра кои ги имал во паричникот.

Случајот на Ерера е последен во низата криминали кои се случија на играчи на ПСЖ во последните неколку години. Аргентинецот Анхел ди Марија остана без накит од 500.000 евра откако крадци влегоа во неговиот дом додека тој беше на натпревар, а капитенот Маркињос поминал и полошо – покрај грабежот, крадците го истепале и неговиот татко.

ПСЖ ќе плаќа за обезбедување за сите фудбалери по хоророт на Ди Марија и Маркињос

Scroll to Top