Top Sport

Реал го претстави новиот дрес, и сите се прашуваат: „Каде е Роналдо?“

Реал Мадрид го претстави својот нов дрес за сезоната 2018/19, и многу фанови на „Лос бланкос“ имаа само едно прашање: „Каде е Кристијано Роналдо?“.

33-годишниот Роналдо минути по освојувањето на третата титула во низа од Лигата на шампионите против Ливерпул во саботата, ги изненади шпанските новинари со изјавата дека „било убаво да се игра за Реал Мадрид“ и дека наскоро ќе даде одговор.

На парадата на Реал низ улиците на Мадрид, тој се повлече од оваа изјава најавувајќи дека останува во Шпанија. Ова многумина го протолкуваа со обид на Португалецот да „извлече“ повеќе пари и да го обнови договорот, но сега дојде ова изненадување.

Во промотивното видео на Реал за новите дресови, го нема Роналдо, а уште позагрижувачки, на официјалниот веб-сајт на клубот, ги има речиси сите играчи во новите дресови, освен Португалецот.

Scroll to Top