Top Sport

Нојер се враќа против Австрија

Германскиот голман, Мануел Нојер ќе се врати по деветмесечната пауза поради повреда во саботниот пријателски меч со Австрија во обид да биде подготвен за Светското првенство, потврди тренерот на голманите на репрезентацијата, Андреас Кепке.

Нојер, кој ја преводеше Германија до титулата во Бразил пред четири години, а веќе осум години беше главен голман на „панцерите“, нема играно откако го скрши стапалото во септември 2017.

„Планот е тој да биде подготвен за Русија. Мислам дека ќе игра во сабота, и сега му се потребни мечеви“, изјави Кепке во Епан, Италија, каде што германската репрезентација се подготвува за пријателските мечеви.

32-годишниот германски капитен одиграл 30 минути во тренинг-мечот против германската репрезентација до 20 години во понеделник. Германците остануваат во Италија до 5 јуни, а Нојер се наоѓа на проширениот список од 27 фудбалери, од кои четири ќе отпаднат.

Фото: ЕПА

Scroll to Top