Top Sport

Статистиката на Куман не е лоша, но не е за клуб каков што е Барселона

Роналд Куман, на голема радост на армијата навивачи, ја напушти Барселона. Холанѓанецот, во август 2020 година го презеде клубот, во својот мандат освои само еден трофеј, Купот на Кралот.

Претседателот на Барселона, Џоан лапорта, му ги удри клоците на тренерот, по поразот од Рајо Ваљекано. Отказот на Куман му го „потпишаа“, Радамел Фалкао и македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски.

Првиот го постигна единствениот гол, авториот му одбрани пенал на Мемфис Депај.

Шпанците тврдат дека отказното решение го добил на во воздух, додека авионот се подготвувал да слета на аеродромот во Барселона.

Ќе се памети дека во мандатот на Куман, Барселона остана без третиот најдобра стрелц во клупската историја, Луис Суарез и без најдобриот играч во историјата, Лионел Меси.

Куман ја предводеше Барселона на 67 натпревари. Кога ќе се погледне статистиката таа не е лоша, но доколку се работеше за некој друг клуб, а не за Барселона.

На 67 натпревари забележал 40 победи и 16 порази, плус 11 нерешени. Во просек освојувал по 1,96 бода по натпревар.

Сезонава во Ла Лига, Барелона го има најлошиот старт од 1987 година. Четири победи и по три порази и нерешени, во моментов ја држат Барселона на деветтото место на табелата.

Scroll to Top