Агентот на Ромелу Лукаку, Федерико Пасторело открива дека белгискиот напаѓач сонувал за враќање во Челси и додека бил фудбалер на Манчестер јунајтед, пред да го направи трасферот во Интер.
Интер платија 75 милиони евра за Лукаку во 2019 година и во две сезони тој успеа да постигне 64 гола во 95 настапи за „нераѕурите“, освојувајќи ја титулата минатата сезона, пред да се врати во Челси за 115 милиони евра.
„Пазарот може да ти понуди некои можности, како кога поминува воз, и кога ќе вистинскиот воз ќе застане на вистинско место, треба да ја направиш одлуката. Во последната сезона во Манчестер јунајтед, Ромелу мислеше само на Челси. И Реал Мадрид морам да признаам, бидејќи и тоа бил негов сон. Тоа беше клубови од неговото детство и секогаш има желба за нив. Гордоста го натера да се врати во Челси“, вели Пасторело.