Top Sport

Мајк Дин, легендата меѓу фудбалските судии

Мајк Дин, еден од „најчудните“ фудбалски судии во англиската Премиерлига, уште еднаш покажа дека знае како да прославува, откако даде гол за победа во меч помеѓу англиските фудбалски судии.

53-годишниот Дин доби допка од Пол Тирни, успеа да даде гол по слабата реакција на голманот, по што прославуваше како да освоил ЛШ заедно со Ентони Тејлор и Мартин Еткинсон.

Ова не е првпат Дин да прославува гол и да предизвика контроверзи. Во 2015 година на дуелот од ФА купот помеѓу Тотенхем и Астон вила, судијата, инаку страствен навивач на Транмир и честопати е на трибините на нивните мечеви, го „славеше“ голот на Муа Дембеле.

„Не го славев голот, туку ја славев предноста која ја дадов на Тотенхем. Малку се занесов. Беше фаул и решив да дозволам играта да продолжи. Можеби не требаше да ги кренам рацете така“, изјави тогаш Дин.

Scroll to Top