Џорџо Кјелини вели дека ќе се обиде да го донесе Џиџио Донарума во Јувентус по неговото пензионирање, но дека засега е „само фудбалер“.
Капитенот на Јувентус и на италијанската репрезентација во долго интервју за „ДАЗН“ со Леота Диота, зборуваше и за голманот на ПСЖ, кој ова лето по крајот на договорот со Милан беше поврзуван со трансфер во Јувентус, пред „бјанконерите“ да решат да останат со Војчех Шчесни.
„Сега, тоа е надвор од моја моќ. За неколку години, кога ќе правам нешто поинаку, тогаш ќе се обидам. Буфон и Донарума се различни личности, но никој не може да каже дека Џиџио е просечен фудбалер“, вели Кјелини.
Кјелини остана без договор во текот на летото, по што Јувентус му даде едногодишен договор до јуни 2023 година. Неговиот тренер Масимилијано Алегри вели дека дефанзивецот би бил „голем клупски директор“ по крајот на кариерата.
Chiellini dirigente alla Juve ➡️ Gigio in bianconero? ?
Guarda ''Linea Diletta – Chiellini'' su #DAZN pic.twitter.com/LTn1g9gByW— DAZN Italia (@DAZN_IT) October 28, 2021