Top Sport

15 фудбалски факти за кои нема да поверувате дека се вистинити

Веб-сајтот „Спортбајбл“ направи интересна колекција на фудбалски факти кои изгледаат дека се „фејк“, но се вистинити. Колекцијата е собрана од Твитер дискусија во текот на пандемијата на корона вирусот во 2020, и има некои навистина зачудувачки факти.

1.Филип Лам успеал да не направи фаул цела година.

Легендарниот дефанзивец на Баерн Минхен и Германија, Филип Лам успеал да избегне фаул 13 месеци во Бундеслигата – од септември 2015 до октомври 2015.

2.Жозе Мурињо не ја добил наградата за менаџер на месецот во две шампионски сезони во ПЛ.

„Специјалниот“ во две сезони во кои со Челси ја освои титулата, не стигна ниту еднаш до оваа награда, иако ја доби трипати во кариерата – двапати во 2004/05 и еднаш во 2006/07.

3.Нејмар ја доби наградата за играч на месецот на Ла лига пред Лео Меси.

Бразилецот го совлада Меси при воведувањето на наградата во 2013, додека Меси прват беше награден во јануари 2016.

4.Манчестер јунајтед не загубиле на „Олд Трафорд“ во Премиерлигата кога воделе на полувреме.

Неверојатно, но вистинито!

5.Тео Волкот има повеќе голови во ЛШ од Роналдо, Зидан, Азар…

Поранешниот талент на Арсенал има 15 гола во ЛШ, што е повеќе од Роналдо (бразилскиот), Зинедин Зидан, Мирослав Клозе, Давид Вилја, Алексис Санчез и Еден Азар.

6.Златан Ибрахимовиќ и Кристијано Роналдо дале голови во секоја минута од мечот.

Засега тие се двајцата кои имаат голови во сите минути во еден меч (1-90).

7.Златан играл за шест клуба со титула од ЛШ, но тој ја нема освоено.

Ибрахимовиќ играл во Милан, Интер, Јувентус, Манчестер јунајтед, Ајакс и Малме – клубови кои ја освоиле ЛШ.

8.Шпанија го освои Светското првенство со само 8 постигнати голови.

Доминантната победа на СП во 2010 во Јужна Африка под Висенте дел Боске е освоена со само осум гола.

9.Гери Линекер никогаш не добил жолт картон во кариерата.

За почит!

10.Стив Брус постигнал 19 гола во една сезона како централен бек.

Брус беше капитен на Манчестер јунајтед, и зачудувачки во 1990/91 беше најдобар стрелец во Премиерлигата со 13 гола.

11.Вејн Руни, Герет Бејл и Кевин Дејвис се единствени фудбалери кои постигнале гол, имале асистенција и си дале автогол во ист меч.

Непосакуваниот хет-трик.

12.Кингсли Коман ја освоил лигашката титула секоја година како професионалец.

Три клуба, 10 титули во низа – три со ПСЖ во 2014/15, 2015/16, скудето со Јувентус, и потоа шест титули во Бундеслигата со Баерн Минхен.

13.Штефан Шварц има „вселенска“ клаузула во договорот со Сандерленд.

Шведскиот фудбалер во својот договор има опција дека договорот му се поништува доколку добие шанса да патува во вселената.

14.Жозе Мурињо во еден период девет години не загубил домашен натпревар.

Со четири клуба, тој точно 9 години и 150 дена не загуби дома.

15.Реал Мадрид го победи својот резервен тим во финалето на Копа дел реј во 1980

„Лос Бланкос“ имаат 19 титули од Копа дел реј, но најчудната останува таа во 1980, кога го победија Реал Мадрид Кастилја со 6:1 на „Сантијаго Бернабеу“.

Scroll to Top