Top Sport

Јаја Туре: Сити мораат да внимаваат, Жозе Мурињо ќе биде многу лут

Јаја Туре ги предупреди своите поранешни соиграчи од Манчестер сити дека следната сезона ги чека пеколен предизвик да ја одбранат титулата бидејќи ќе ги чека „многу лут“ Жозе Мурињо и Манчестер јунајтед.

Сити „растурија“ оваа сезона во Премиер лигата освојувајќи ја титулата со рекорден вкупен број на поени, победи и голови. Сега, клубот на Пеп Гвардиола треба првпат во својата историја да ја одбрани титулата, но Туре, кој замина од клубот на крајот на сезоната, вели дека следната година ќе биде многу потешко, со Манчестер јунајтед како главен ривал.

„Мурињо ќе биде многу лут, тоа е сигурно. Тотенхем имаат силен тим, и тие можат да направат проблеми. Ман сити може да победи пак, но нема да биде лесно. Сега има Светско првенство, и ако не се одморат доволно, играчите ќе почнат да се повредуваат. Следната година ќе биде многу, многу потешко за сите“, вели Туре.

Гвардиола ќе се обиде да избегне ситуација на подреденост во следната сезона и веќе има две замислени засилувања за клубот – Ријад Марез и Жоргињо.

„Имаме млад тим со просечни 23 години. Ако сме ментално стабилни и не веруваме што ни кажуваат, туку работиме како досега, тогаш и следната сезона ќе бидеме меѓу посилните во Англија и во Европа“, изјави неодамна Гвардиола.

Scroll to Top