Top Sport

Серена се врати со победа и со моден „крик“ (галерија)

Сите сигурно ја забележаа Серена Вилијамс и нејзиниот кам-бек на гренд слем турнирите на терените на Франција опен, откако со 7:6(4)/6:4 ја победи Чехинката Кристина Плишкова.

Поранешната светска тенисерка број 1, последен пат играше на гренд слем на Австралија опен во 2017 кога ја освои својата 23. голема титула, по што минатиот септември се породи со својата прва ќерка.

Париз беше совршено место за таа да го покаже својот моден вкус, откако излезе на теренот со црно тесно трико со розев појас. 36-годишната ветеранка потоа го одигра својот прв меч на земја по две години.

„Навистина долго време од последниот меч, но тренирав напорно и подготвена сум. Одам ден по ден“, вели Серена.

Scroll to Top