Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито вели дека тој лично одбил понуда од 110 милиони евра за српскиот играч од средниот ред, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, а не пропушти да ги критикува и Интер за нивното „бркање“ на Стефан де Фрај.
Милинковиќ-Савиќ е на „мета“ на многу клубови, како Јувентус, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Пари Сен-Жермен, а Лотито вели дека интересот бил тука и минатата сезона.
„Веќе одбив 110 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ на 29 август, и не знам колку вреди сега. 100 милиони не се доволни. Се лутам кога го нарекуваат Лацио супермаркет. Јас не сум поставил никого на продажба. Порано клубовите не ни прашуваа туку само земаа, сега барем мораат да прашаат за дозвола“, вели Лотито.
Лацио го загубија дефанзивецот Де Фрај на слободен трансфер во Интер, откако тој одби да потпише нов договор. Ситуацијата беше контроверзна, откако Де Фрај направи пенал во последниот меч од сезоната против Интер, со кој „нераѕурите“ обезбедија квалификации за Лигата на шампионите на местото на Лацио.
„Знаевме дека Де Фрај има договор со нив, но имавме доверба во неговата професионалност. Јас и тренерот Симоне Инзаги ја направивме одлуката тој да игра, но Интер не требаше да го постави во така тешка ситуација. Ако договорот е обезеден во јануари зошто го соопштуваш тоа пред мечот. Сега е бесцелно да се зборува“, додава Лотито.
Интер во контроверзен меч победи на „Олимпико“ и се врати во ЛШ! (видео)