Top Sport

Интер во контроверзен меч победи на „Олимпико“ и се врати во ЛШ! (видео)

Интер ќе игра во Лигата на шампионите првпат од 2012 година, откако во драматичниот последен меч од сезоната во Серија А, успеа да го победи директниот ривал Лацио со 3:2 на „Олимпико“ за да им го преземе четвртото место на табелата.

Мечот не почна најдобро за „нераѕурите“, откако Иван Перишиќ си постигна автогол веќе во деветтата минута од мечот. Д’Амброзио израмни во 29. минута, но Лацио повторно дојде во преднсот во 41. минута за 2:1 на полувреме.

Многу повеќе контроверзи ќе предизвика второто полувреме. Во 78. минута, Стефан де Фрај, фудбалер кој веќе има потпишано договор со Интер прави пенал, и Мауро Икарди израмнува на 2:2.

Само минута подоцна, Лацио останува со играч помалку по вториот жолт картон на Лулиќ, придонесувајќи за „вриење“ на клупата на домашниот тим. Сепак, и со овој резултат Лацио одеше во ЛШ.

Во 81. минута, Интер преку Вечино прави комплетен пресврт за 2:3 победа, во меч за кој сигурно ќе има премногу коментари во Италија.

Scroll to Top