Top Sport

Куман со душа чекал да добие отказ

Роналд Куман од вчера повеќе не е тренер на Барселона. Холанѓанецот доби отказ по поразот од Рајо Ваљекано, откако неколку дена претходно Барса го загуби и дербито со Реал.

Шпанските медиуми, пишуваат дека отказот на Куман му бил врачен на аеродромот „Барахас“, веднаш по слетувањето од Мадрид.

Неговиот пријател новинарот Луис Канут, тврди, дека Куман со душа чекал да добие отказ.

„Роналд смета дека бил лошо третиран. Џоан Лапорта, по враќањето од Мадрид му рекол: „Нема да ја продолжиме соработката“. Откако е Лапорта претседател тој во ниту еден момент, во целост, не се чувствуваше како тренер на Барселона. Преку глава му дојде целата ситуација по поразот во Ел Класико. Со душа чекаше се да заврши“, рекол Канут.

Пријателот на Куман открил дека тренерот нема да се откаже од обесштетувањето. Отказот ќе го наплати со 12 милиони евра.

„Барселона од него бараше да прифати помала сума, тој нема да го направи тоа. Куман беше првиот кој се согласи платата да му доцни, кога клубот имаше финансиски проблеми минатото лето“.

Scroll to Top