Калиду Кулибали со години е еден од најдобрите централни дефанзивци во светот. Од почетокот на сезоната е вистински командант на одбраната на Наполи, која во Серија А, само три пати капитулираше во првите десет кола.
Кулибали редовно се поврзува со големите европски клубови, но тој нема намера да се сели од Неапол. Во разговор со новинарот, Валтер ди Маџо, открил каде би сакал да игра доколку се случи да замине од Наполи.
„Би заминал од Наполи само во три клуба. Сити на Пеп Гвардиола, Барселона и Реал Мадрид“, рекол Кулибали.
Во минатото тој се поврзуваше и со Јувентус, но вели дека таков трансфер никогаш нема да се случи.
„Дали сте луди? Јас во Јувентус? Никогаш не би направил такво предавство. Никогаш не би го предал Наполи и неговите навивачи“.
Кулибали е играч на Наполи од 2014 година, претходно играше во Гент.