Манчестер сити и Јувентус ги започнале преговорите со Фиорентина околу Душан Влаховиќ, тврди „Газета дело Спорт“. Двата клуба би сакале да го реализираат трансферот во зимскиот преоден рок.
Влаховиќ има договор со Фиорентина до јуни 2023 година. Тој ја одби понудата за нов петгодишен договор, за рекордна сума од 40 милиони евра. Со ова тој го навлече гневот на навивачите, кои му порачаа повеќе да се доближува до нивната трибина.
Понуди за трансфер имаше и во летниот преоден рок, но тој реши да остане во Фиорентина. Како сега стојат работите клубот не размислува да се раздели со него во јануарскиот преоден рок.
„Фиорентина е внимателна на трансфер пазарот“, изјави вчера директорот на Фиорентина, Џо Бароне.
Влаховиќ од новиот клуб бара плата од 6 милиони евра. Фиорентина нема намера да се раздели со напаѓачот за помала сума од 60 милиони евра.
„Газета дело Спорт“, не открива колкава сума понудила од Манчестер сити, а за Јувентус пишува дека клубот нема пари за трансферот, туку понудиле размена или позајмица со можност договорот да биде откупен.