Top Sport

Монтереј се најдобри во Северна и Средна Америка

Монтереј ја освоија титулата во Лигата на шампионите на Северна и Средна Америка (КОНКАКАФ). Во мексиканското финале, Монтереј со 1:0 славеа над Америка од Мексико сити.

Натпреварот го реши голот на Фуентес постигнат во шестата минута. Во вториот дел Меза во 72. и Јансен во 82.минута не реализираа добри шанси за Монтереј.

Америка најдобрата шанса на мечот ја имаше во 101 минута кога Винас ја погоди гредата.

Натпреварот беше продолжен 15 минути.

Монтереј на крајот се радуваа на петтата титула во Лигата на шампионите на КОНКАКАФ, Америка со седум трофеи и понатаму се најтрофејни во Северна и Средна Америка.

Scroll to Top