Енис Барди со два гола од пенал, му ја украде победата на Атлетико Мадрид. Она што го прикажа на теренот, во дуелот со актуелниот шампион, на Барди му овозможи да се најде во идеалниот тим на 11.коло, во Примера.
Според оценките на „WhoScored“, на Столе Димитиревски, за влакно му избега, местото во тимот на колото.
На голот е Метју Рајан од Реал Сосиедад, кој имаше неколку спектакуларни одбрани во Виго, со што му овозможи на тимот да ја победи Селта.
Интересно е што во тимот на колото нема ниту еден играч од големите клубови: Реал, Барселона, Атлетико, Севилја.
Голман: Рајан (Реал Сосеидад)
Одбрана: Видал (Осасуна), Елустондо (Реал Сосеидад), Пецеља (Бетис), Лекуе (Атлетик Билабао)
Среден ред: Санчез (Мајорка), Микел Мерино (Реал Сосиедад), Барди (Леванте), Лозано (Кадиз)
Напад: Борха Иглесиас (Бетис), Оскар Трехо (Рајо Ваљекано).