Top Sport

Мбапе: Никој не може да ме спречи да учествувам на ОИ во Париз

Килијан Мбапе има намера да учествува на Олимписките игри во Париз во 2024 година. Мбапе имаше желба да настапи и во Токио, но желбата не можеше да си ја оствари бидејќи играше на Европското првенство.

За да си ја оствари желбата тој е подготвен во новиот договор, без разлика дали тоа ќе биде ПСЖ или некој друг клуб, да вметне и специјална клаузула која се однесува на неговиот настап на ОИ.

„Токио 2022 беше моја цел, сега приоритет ми е Париз 2024. Ако треба и специјална клаузула во договорот ќе ставам. Можам да ви кажам дека знам каде ќе го минам летото во 2024 година. Олимписките игри се светост за мене, тие ја претставуваат ДНК на спортот. Гледајќи ги ОИ во Лондон во 2012 разбрав колку е важен овој глобален натпревар. Игрите се референтна точка за спортот, претставува искуство кое секој спортист сака да го вкуси барем еднаш во животот“, порачал Мбапе.

Scroll to Top