Top Sport

„Добро сум, нема причина да биде поинаку“

Оле Гунар Солскјер очекува реакција од неговите играчи по дебаклот против Ливерпул (0:5). На новинарско прашање, пред мечот со Тотенхем, како се чувствува тој рекол: „Добро, нема причина да биде поинаку“.

„И како играч и како менаџер сум доживеал тешки моменти. Успешно се носев со тоа. Имавме два или три кризни периоди откако сум во Јунајтед. Можам само да кажам дека ќе се борам додека ситуацијата не се смени“.

Солјкер потоа ги коментирал и пишувањата на медиумите дека не е во добри односи со некои фудбалери.

„Јас не читам што се пишува на социјалните мрежи, но Пол Погба дојде лут кај мене. Очекувавме критики бидејќи не одигравме добро, но не можеме да си дозволиме да пишуваат лаги. Пол ми кажа со што се морал да се соочи на социјалните мрежи. Во ред е секој да каже што мисли, но не е во ред да се измислуваат приказни за мене и фудбалерите“.

Манчестер јунајтед, утре од 18.30 часот, ќе гостуваат кај Тотенхем.

Scroll to Top