Поранешниот напаѓач на Интер, Самуел Ето вели дека неговиот поранешен тренер Жозе Мурињо е единствениот тренер кој може да ги направи Рома италијански шампион.
Мурињо го замени својот португалски сонародник, Пауло Фонсека, и имаше фантастичен старт на сезоната со шест победи во шест меча, но во последните недели резултатите не беа најдобри – тука беше поразот од Верона во Серија А и историскиот 6:1 пораз од Бодо/Глимт во Конференциската лига. Сепак, пред мечот со Милан во недела, Ето верува дека тој е вистинскиот избор на „волчицата“.
„Тој е феновемен. Единствениот кој може да ги направи Рома шампион на Италија по сите овие години“, вели Ето.