Top Sport

БиХ фудбал – економ фатен како крадел пари од фудбалерите

Од Босна и Херцеговина повторно ни доаѓа една бизарна фудбалска приказна, откако фудбалерите на Борац од Козарска Дубица, клуб кој се натпреварува во првата лига на Република Српска (второрангирана лига во БиХ), го „фатиле“ економот како им краде пари и други работи од соблекувалната.

Според босанските медиуми, фудбалерите забележале дека им недостасуваат пари и решиле да постават камера да го фатат крадецот, кој испаднал дека е економот на клубот.

Снимката се објави на Интернет, а човекот е пријавен во полиција.

Scroll to Top