„Новакот“ во Евролигата, Уникс Казан стигна до третата победа оваа сезона, користејќи ги сите грешки на Реал Мадрид за да го завршат мечот со 10:0 серија за 65:58 победа над фаворитот.
Откако Алберто Абалде постигна тројка за Реал да поведе со 55:58, Ајзаја Канан и Андреј Воронцевич ги вратија Уникс во водство, а Томас Ертел имаше две лоши додавања за да се запечати победата на рускиот клуб.
Марио Хезоња со 13 поени и 7 скока и Воронцевич со 13 поени беа најефикасни кај Уникс, додека за Реал, Еди Таварес имаше 18 поени и 7 скока.
Актуелните шампиони, Анадолу Ефес, пак, конечно стигнаа до втората победа во новата сезона, декласирајќи ги Жалгирис со 94:60, оставајќи го клубот на Јуре Здовц без победа во седум меча.
Тибор Плајс со 17 поени беше најдобар за Ефес, Филип Петрушев додаде 14, а Василије Мициќ и Крунослав Симон имаа по 11 поени, откако турскиот клуб поведе со 44:29 на полувреме и доминираше до крајот ан мечот.
ЕВРОЛИГА, 7.КОЛО
Уникс Казан – Реал Мадрид 65:58 (14:11, 21:23, 14:17, 16:7)
Зенит Санкт Петерсбург – Басконија 83:54 (21:23, 24:7, 20:7, 18:17)
Анадолу Ефес – Жалгирис 94:60 (24:17, 20:12, 25:17, 25:14)
Монако – ЦСКА Москва 97:80 (13:25, 26:27, 28:12, 30:16)
Панатинаикос – Асвел Лион 70:84 (18:24, 20:19, 16:15, 16:26)