Од Пари Сен-Жермен се очекува многу во француските медиуми, што не е многу чудно поради огромните инвестиции кои богатиот клуб ги направи во последните години, и спортскиот директор на клубот, Леонардо признава дека некој ја игра „играта“ на шпанските медуми со дополнителниот притисок кон клубот.
Пристигнувањето на Лео Меси, Серхио Рамос, Ашраф Хакими, Џанлуиџи Донарума и Џиџио Вајналдум во текот на летото создаде нереални очекувања за победа во секој меч и тоа на посебен начин. По вчерашната 2:1 камбек победа над Лил, Леонардо мораше да ги брани играчите, управата и тренерот.
„Навистина не ми се допаѓа ваквата осуда, ваквото критикување, кое ги надминува границите. Медиумите можат да кажат дека не сме добри или не сме играле добро, но да кажете дека тренерот не го сфаќа фудбалот, дека големите фудбалери заборавиле да играат е премногу. Има луѓе кои обожаваат да зборуваат против ПСЖ. Точно е дека не играме како што посакуваме, но имаме 10 победи, 1 реми и 1 пораз и 10 поени предност на табелата. За вас сите се проблем – Меси, Нејмар, Мбапе, Верати, тренерот… И Рамос, нели? Ја играте играта на шпанскиот печат“, збувна Бразилецот.