Top Sport

И Нуно е под притисок, ги критикуваше сопствените фудбалери

Тотенхем денеска го пречекува Манчестер јунајтед и англиската јавност ќе е фокусирана на резултатот на гостите кој може да значи отказ за Оле Гунар Солскјер, но и на другата страна има менаџер под притисок, Нуно Еспирито Санто, кој одговори со критики за своите фудбалери.

Португалскиот тренер во последните недели ги изостави од својот тим Деле Али и Хери Винкс, и сега вели дека не му се допаѓа однесувањето на дел од неговите фудбалери.

„На крајот, секогаш сакаш во тимот да имаш фудбалери да бидат посветени на својата игра. Кога си посветен на клубот и на работата, знаеш да направиш добри одлуки. Фокусирај се на својата работа, секој ден. Би сакал сите фудбалери да го знаат тоа, но не е така. Кога играш во Премиерлигата мораш да одиш над очекуваното“, вели Санто.

Scroll to Top