Интересната трка за лидерското место во шпанската Ла лига продолжува, откако Севилја со 2:0 го совлада тимот на Осасуна за да се израмни со Реал Сосиедад и Реал Мадрид со 24 поени на врвот на табелата.
По апсолутната теренска доминација во првото полувреме на „Рамон Санчез Писхуан“, Севилја во 40. минута од мечот ја скрши одбраната на гостите, откако по нафрлањето на Иван Ракитиќ, Диего Карлос постигна убав гол со глава. Лукас Окампос во 60. минута ја обезбеди седмата победа во 10. кола за тимот на Хулен Лопетеги.
Со овој резултат, Севилја се израмнува со Реал Мадрид и Реал Сосиедад со ист скор – 7 победи, 3 ремија и 1 пораз, и се наоѓаат на второто место зад Мадрид кои имаат подобра гол-разлика. Реал Бетис се петти со 21 поен, додека Осасуна со своите 19 поени се на седмото место (идентичен број поени имаат и шампионот Атлетико Мадрид и Рајо Валјекано).