Фудбалерите на Перу ја надиграа Шкотска со 2-0, во подготвителен натпревар за Светското првенство, додека Панама и Северна Ирска одиграа натпревар без голови.
Перу, на Националниот стадион во Лина, заслужено ја победи Шкотска со головите на Кристијан Куева, во 37.минута од пенал, и Џеферсон Фарфан во 47.минута.
Перуанците на СП во Русија ќе играат во Ц-групата со Франција, Австралија и Данска. За Перу ова ќе биде петти настап на светските првенства, прв по пауза од 36 години.
Панама во Русија ќе дебитира на светските првенства. Како дел од подготовките за настап на најголемата фудбалска смотра, во Панама сити, Панама одигра 0-0 против Северна Ирска.
Панама на СП ќе игра во Г-групата со Белгија, Англија и Тунис.