Томас Тухел, менаџерот на лидерите во Премиерлигата, Челси е пресреќен да го види Рис Џејмс како постигнува два гола за 3:0 победата над Њукасл, велејќи дека никогаш не се сомневал во неговите голгетерски способности.
Џејмс има четири гола во 2021/22, откако пред оваа сезона имаше постигнато само еден гол во кариерата. Неговите два гола беа клучни на „Сент Џејмс парк“ за победа на „сините“ со која избегаа на три поени пред Ливерпул.
„Фудбалот е комплексна игра и не мислам дека Риси може да даде гол ако Хадсон-Одои не дрибла, или Бен Чилвел не го отвори просторот. Бевме опасни во секој сегмент и затоа и тој може да даде гол. Нашите напаѓачи ќе му направат простор, а за шутирање не треба многу тренинг. На Рис посебно, бидејќи тој шутира како коњ“, вели Тухел.
Челси ги искористи „киксовите“ на Ливерпул и Сити да избега на првото место