Top Sport

Рој Кин со урнебесна „роботска“ имитација на Мегваер

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин беше безмилосен кон сегашниот носител на лентата, Хери Мегваер за неговото извинување кон навивачите по 0:5 поразот од Ливерпул минатата недела, споредувајќи го со робот.

Мегваер по повредата беше во катастрофална форма, и Кин го издвои него, Лук Шо и Арон Ван-Бисака за поразот од лутиот ривал. Со враќањето на Рафаел Варан при 3:0 победата од Тотенхем, Јунајтед првпат по 10 меча не примија гол.

„Оле мора да е загрижен од шансите кои ги дозволува неговиот тим, кој нема карактер. Мегваер и Шо минатата недела беа срамотни за клубот. Ван-Бисака? Мислам дека ниту Палас не би сакале да го земат назад, тој не е доволно добар за Ман јунајтед. Го слушнав Мегваер во текот на неделата, тој не покажува емоции. Шо е пак као претходните години. Мегваер мора да се среди, тоа не се работи за физичка подготвеност, туку за недостаток на професионализам. Во нападот очигледно има талентирани фудбалери, во средниот ред и одбраната секогаш мора да се грижиш. Мегваер беше како робот. ‘Ер, ер, се извинувам на фановите’. Каде се емоциите?“, вели Кин.

Scroll to Top