Top Sport

Конте повторно ќе работи во Премиер лигата, но не во Манчестер јунајтед

Антонио Конте во наредните неколку денови би можел да се врати во Премиер лигата. Италијанскиот тренер се поврзува со Манчестер јунајтед, меѓутоа „Тутомеркато“, тврди дека Конте ќе биде новиот тренер на Тотенхем.

Тотенхем, во новата сезона влегоа со Нуно Еспирито Санто, стартуваа со три победи, но во наредните седум кола победија само два пати, а забележаа пет порази. Спарс имаат негативна гол-разлика 9:16.

Тотенхем се наоѓаат во лоша форма, поради што, покрај италијанските и англиските медиуми пишуваат дека Даниел Леви е во потрага по нов менаџер.

Приказната на „Тутомеркато“, ја потврди и новинарот на „Газета дело Спорт“, Алфредо Педула. Тој тврди дека Тотенхем ќе направат се што е во нивна моќ за да го донесат трофејниот тренер.

„Тотенхем е во слободен пад, а позицијата на Нуно Еспирито Санто дополнително ја разниша вчерашниот пораз од Манчестер јунајтед. Директорот на клубот, Фабио Паратичи е пријател со Конте, него на клупата сака да го види и претседателот Леви. Паратичи ќе се обиде да го убеди да се врати во Лондон. Сепак, Конте нема да брза со одлуката. Добро ќе размисли пред да го одбере следниот ангажман, а во Тотенхем веруваат дека ќе го одбере нивниот проект“, пишува Педула.

Конте од 2016 до 2018 година го предводеше Челси. Тој со „дините“, во 2017 ја освои Премиер лигата.

Scroll to Top