Top Sport

Хулиганите на Гремио рушеа сѐ пред себе – Фудбалерите преплашени, настрада ВАР кабината

Славниот бразилски клуб Гремио тоне кон втората лига. Викендов, Гремио доживеа пораз на домашен терен од Палмеирас (1:3). На девет кола до крајот на првенството, Гремио е четири бода оддалечен од безбедната зона.

Поразот од Палмеирас тешко им падна на домашните фанови. Тие влетале на теренот, по завршувањето на натпреварот, рушејќи се што им се нашло на патот. Фудбалерите, во тој поход на хулиганите, успеале да избегаат во тунелот. Полицијата со навремена интервенција спречила посериозни инциденти.

Ви походот на хулиганите најмногу настрада ВАР кабината.

Scroll to Top