Top Sport

Иниеста ја открива борбата со депресијата

Великанот на Барселона, Андрес Иниеста признава дека имал проблеми со менталното здравје пред Светското првенство во 2010 година, страдајќи од депресија по смртта на неговиот пријател Дани Харке.

Фудбалерот Харке почина во 2009 година од срцев напад додека беше на тренинзи пред стартот на сезоната со тимот на Еспањол. Губењето на колегата од младинскиот национален тим на само 26 години имал огромно влијание на Иниеста, кој признава дека загубил страст за фудбалот пред на СП во 2010 година да го постигне голот со кој Шпанија го освои Мундијалот и го посвети на Харке.

„Чувствуваш како тоа да не си ти, не можеш да уживаш во работите, не ги сфаќаш луѓето околу тебе како луѓе. Немаш чувства, ниту страст. Завршуваш празен одвнатре и во еден момент сфаќаш дека не можеш да го издржиш тоа повеќе. Имав среќа што дознав дека ми е потребен некој да излезам од таа ситуација. Најважното е тоа што не ја загубив искрата“, објаснува Иниеста во интервју за „Антена 3“ ТВ станицата.

Иниеста веќе започна ново поглавје во својата кариера, откако замина од „Ноу Камп“ и потпиша договор со јапонскиот клуб Висел Кобе. Прво, тој ќе треба со шпанската репрезентација да влезе во лов на нова титула од СП по разочарувачкото испаѓање по групи во 2014 година.

„Имаме добар тим, добра мешавина на млади и на искусни фудбалери. Влегуваме со многу очекувања, но и со научени лекции од Бразил 2014 и Евро 2016. Одиме чекор по чекор и верувам дека ќе се бориме за титулата“, вели Иниеста.

 

Scroll to Top