Top Sport

Мурињо удри по судиите по поразот од Милан

Милан ја прекина неверојатната серија на Жозе Мурињо во италијанскиот шампионат. Португалецот, до синоќа, како тренер на Интер и Рома, не беше поразен на домашен терен на 43 натпревари. Милан со головите на Златан Ибрахимовиќ и Франк Кеси ја победи Рома 2:1.

Мурињо, по мечот, рекол дека напреавил голем напор да не го „чека судијата Мареска“.

„Немаше пенал за Милан, судијата ја гледаше снимката и не ја смени одлуката. Од друга страна Кјер го фаулираше Пелегрини, а судиите не реагираа. Во ред е да прават грешки, но кога се петмина и кога ја гледаат снимката, а потоа одлуката останува иста, тогаш тука нешто не е во ред“.

Рома по 11 кола во Серија А, ја дели четвртата позиција на табелата со Аталанта.

Scroll to Top