Поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд, сега клупски челник, Себастијан Кел, рекол дека клубот нема така лесно да се откаже од Ерлинг Халанд.
Норвежанецот има договор со „милионерте“ до јуни 2024 година. Сепак се шпекулира дека тој по завршувањето на оваа сезона ќе го напушти клубот. Наводно имал клаузула во договорот која му овозможува да ја напушти Борусија за 75 милиони евра.
„Сакаме да почувствува дека Дортмунд е вистинското место за него. Дека тука ќе може да напредува. Можеби ќе го убедиме. Ќе се бориме за него. Одлуката се уште не е донесена. Би се кладел во 100 евра дека ќе остане“, рекол Кел.
Халанд во моментов е надвор од тимот поради повреда на мускулот. Германските медиуми тврдат дека нема да игра до крајот на годината.