Француските власти објавија дека како мерка на „претпазливост“ решиле да не им дозволат на навивачите на Лацио да патуваат во Марсеј за мечот од Лига Европа во четврток, по што Лацио се јави со соопштение во кое вели дека ова е навреда за клубот и за навивачите.
„Одлуката на француските власти да забранат патување во Марсеј за навивачите на Лацио не е изненадувачка, но е неоправдана. Лацио не може да прифати навреда на сите навивачи на ‘бјанкочелестите’ и на клубот, кој секогаш се борел против насилничкото однесување на стадионите и надвор од нив со конкретни активности. Лацио секогаш е за надминување на сите социјални, културни, економски ,етнички и религиозни разлики во фудбалот. Бараме објаснување од француските власти за оваа одлука, која треба да е навреда за сите Италијанци, без разлика на тоа дали навиваат за Лацио“, велат од клубот.