Top Sport

Рајс за можниот трансфер: Работиме да го направиме Вест хем голем тим

Деклан Рајс смета дека Вест хем е „посебно место“ за играње фудбал, откако „чеканите“ продолжија со фантастичниот старт на сезоната по 4:1 победата на гости кај Астон вила, одговарајќи на шпекулациите дека многу посилни премиерлигаши се заинтересирани за неговите услуги.

„Ова е посебна група на фудбалери, навистина посебна околина. Се будиме и сакаме да одиме на тренинг, секој натпревар, од почеток до крај сме тука. Навистина посебно место за играње. На третото место сме на табелата и мислам дека им затворивме уста на многу критичари. Има уште многу мечеви  за играње, но го заддржуваме нивото и сакаме да бидеме голем тим“, вели Рајс.

Scroll to Top