Вечерва започнува четвртото коло во Лигата на шампионите. На програмата се натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х. Баерн, Јувентус и Челси со евентуални победи, на две кола до крајот на фазата по групи ќе си обезбедат место во осмина-финалето.
Две пресметки вечерва привлекуваат внимание. Дуелот во Бергамо помеѓу Аталанта и Манчестер јунајтед и натпреварот во Киев, помеѓу Динамо и Барселона.
Група Е:
Баерн-Бенфика
Динамо-Барселона
Табела: Баерн 9, Бенфика 4, Барселона 3, Динамо 1
Група Ф:
Виљареал-Јанг Бојс
Аталанта-Манчестер јунајтед
Табела: Манчестер јунајтед 6, Аталанта 4, Виљареал 4, Јанг Бојс 3
Група Г:
Волфсбург-Салцбург
Севилја-Лил
Табела: Салцбург 7, Севилја 3, Лил 2, Волфсбург 2
Група Х:
Малме-Челси
Јувентус-Зенит
Табела: Јувентус 9, Челси 6, Зенит 3, Малме 0