Спортскиот директор на Рома, Тиаго Пинто се прашува зошто се така различни критериумите на фудбалските судии во Италијаи вели дека во клубот се чувствуваат оштетени по поразот од Милан со 2-1 во дербито на 11. коло во Серија А.
„Сакам да кажам дека Милан одигра одличен меч и можеби ја заслужија победата. Но треба нешто да се каже и за судењето. Зошто се критериумите толку различни? За иста ситуација во Серија А има тотално спротивен критериум.
Никој не ги разбира судиските критериуми. Во досегашните 11 меча имаше ситуации во кои Рома беше очигледно оштетена“ вели Пинто.
Тој напоменува дека е време да се каже `доста беше`.
„Не сакам да ги сокријам нашите грешки, но време е да се каже `доста беше`. Рома заслужува почит. Но тоа не е само наш проблем, сите мора да се изјасниме за судењето или ќе го загубиме кредибилитетот“ подвлече тој.