Челси на Томас Тухел направи голем чекор напред кон пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, стигнувајќи до 1:0 победа на гостувањето кај Малме, додека Волфсбург со 2:1 им го нанесе првиот пораз на Ред бул Салцбург во неизвесната група Х.
По лесната домашна победа пред две недели против Малме, Челси овојпат се намачи со шведскиот шампион, стигнувајќи до победа благодарение на голот на Хаким Зијеш во 55. минута од мечот по одличното нафрлање на Рубен Лофтус-Чик.
На „Фолскваген арената“ пак, Волфсбург стигна до рано водство преку Ридле Баку уште во третата минута, но австрискиот шампион одговори во 30. минута со апсолутно прекрасен гол од слободен удар на Максимилијан Вебер. Да не останат покуси, Волфсбург стигнаа до водечкиот гол во 60. минута со неверојатен гол на Лукас Нмеча.
Maximilian Wober, ex Sevilla FC, empata el partido con un golazo de falta. pic.twitter.com/HFMtlKY1WB
— Рафа ?? (@CornerRuso) November 2, 2021
Lukas Nmecha what a fooking goal pic.twitter.com/pT4KlWug93
— Joseph (@JosephMCFC) November 2, 2021
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 4.КОЛО
ГРУПА Г
Волфсбург – Ред Бул Салцбург 2:1
Севилја – Лил 21.00 ч.
ГРУПА Х
Малме – Челси 0:1
Јувентус – Зенит Санкт Петерсбург 21.00 ч.