Новак Ѓоковиќ со победа стартуваше на Мастерсот во Париз. Најдобриот светски рекет вложи многу труд за да го победи Мартон Фучович, во второто коло. Србинот по два часа славеше со 6/2, 4/6, 6/3.
Мечот со Фучович бешепрв за Ѓоковиќ по пауза од седум недели и болниот пораз од Данил Медведев, во финалето на Ју-ес опен.
Ѓоковиќ, одигра добро во првиот сет, а во наредните два премногу осцилираше во играта. На крајот пресуди искуството и квалитетот.
„Убаво е што се вратив по речиси два месеци пауза. Работев напорно за да се подготвам и за да дојдам тука во добра форма. Не очекував ништо од овој дуел, знаев само дека нема да биде лесно. Мартон е талентиран играч, мечот беше квалитетен“, изјави Ѓоковиќ по победата.
Првиот носител во третото коло ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Гаел Монфис-Адријан Манарино.