Top Sport

Милевски го објави списокот за Ерменија и Исланд – Без Адеми и Николов ќе дебитира Етеми

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, повика 24 фудбалери за последните два натпревари, во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар.

Македонија, мундијалските квалификации ќе ги заврши со дуелите против Ерменија и Исланд.

Македонските фудбалери, на 11.ноември ќе гостуваат во Ереван, а три дена подоцна ќе го пречекаат Исланд.

Германија го освои првото место во Ј-групата и се пласираше на СП. За второто место најмногу шанси имаат Ромамците. Во последните две кола тие влегуваат со 13 бодови, еден повеќе од Македонија и Ерменија.

За да дојде до второто место и пласман во баражот, на Македонија и се потребни две победи и кикс на Романија против Исланд.

„Ерменија е добро познат противник за нас. Не чека тежок меч и тие имаат шанси за второто место. Додека постојат и најмали шанси ние ќе се бориме за второто место“, изјави селекторот Милевски.

За овие квалификациски натпревари, селекторот нема да може да смета на Аријан Адеми, Бобан Николов, во репрезентацијата се враќа Енис Барди. На спиското има еден дебитант, Валон Етеми кој игра во Истанбулспор.

Scroll to Top