Маурицио Сари, пред четири месеци го презеде Лацио. Задоволни од неговата работа, во клубот веќе му подготвиле нов договор.
Сари, со Лацио, договори двегодишна соработка, а според италијанските медиуми, клубот ќе му понуди договор до 2025 година.
Главна задача на Сари, во овој мандат е да го подмлади тимот. Со просек од 29 години, Лацио е највозрасната екипа во Серија А.
По 11.кола во Серија А, Лацио се наоѓа на шестото место со 18 бода, еден помалку од Аталанта и Рома.
На врвот со по 31 бод се Наполи и Милан.