Top Sport

Ванда Нара повторно му раскинала на Икарди

Нова епизода од сапуницата на најпозната двојка во светот на фудбалот, Мауро Икарди-Ванда Нара. Двојката беше пред развод, но Ванда реши да му ја прости на сопругот аферата со актерката од Аргентина, Еухенија Суарез.

Двојката повторно ги полни насловните страници на светските медиуми, откако Ванда повторно со децата го напуштила Париз и се вратила во Милано. Таа дознала дека сопругот продолжил да ја изневерува.

Медиумите во Аргентина објавија дека Ванда Нара, која е и менаџер на сопругот, добила експлицитни снимки, кои актерката Суарез му ги испраќала на Икарди. Медумите тврдат дека неколкумина аргентински репрезентативци и ги пратиле снимките на Ванда Нара.

Сопругата на фудбалерот збеснала и кога дознала дека актерката Суарез и нејзиниот сопруг ги споил, мажот на нејзината сестра Заира, Јакоб фон Плесен.

Во меѓувреме, Икарди ги избришал профилите на социјалните мрежи.

Scroll to Top