Пари Сен-Жермен немаше најдобар старт на гостувањето кај РБ Лајпциг во Лигата на шампионите, откако по само осум минути домаќините стигнаа до гол, за три минути подоцна да пропуштат совршена шанса за 2:0 кога Андре Силва утна пенал.
Кристофер Нкунку му даде гол на својот поранешен клуб и ја продолжи голгетерската серија за „црвените бикови“ во 8. минута по асистенција на Силва, а по грубиот старт на Данило, беше досуден пенал, но обидот на Андре Силва заврши во рацете на одличниот Џанлуиџи Донарума.
DONNARUMMA REPOUSSE LE PENALTY DE D’ANDRÉ SILVA !! #RBLPSG pic.twitter.com/PwNrBvPqk5
— GOALS LIGUE 1 (@GOALSLIGUE1) November 3, 2021