Top Sport

Почина млад словачки хокеар

Словачка е шокирана од веста дека починал 24-годишниот хокеар на Братислава Капитолс, Борис Садецки.

Садецки, колабирал пред неколку дена на натпреварот против Дорнбрин, во ИЦЕХЛ лигата. Оваа лига од 2003 до 2020 година го носеше името ЕБЕЛ лига.

Натпреврот бил прекинат во 14.минута, кога му се слошило на Садецки. Лекарите веднаш интервенирале, а по укажаната помош тој бил префрлен во болница, каде што починал.

Садецки е роден на 20.април 1997 година во Тренчин. Кариерата ја започнал во клубот од овој град, Дукла.

Scroll to Top