Оклахома сити Тандер ги шокираа Лејкерси во Лос Анџелес, со победата 107:104. Без Леброн Џејмс, на домашен терен, Лејекрис испуштија предност од 19 поени. Од почетокот на сезоната ова е втора победа за Оклахома против Лејкерси.
Шај Гидлжус-Александер со 28 поени, 11 од нив во последната четвртина ги предводеше Тандер до победата. Покрај него уште петмина играчи на Тандер постигнаа двоцифрен број на поени.
Кај Лејкерси се истакнаа тројца играчи кои постигнаа 20+ поени. Ентони Дејвис забележа 29 поени и 18 скока, Расел Вестбрук, против својот поранешен тим, не успеа да го погоди последниот шут и да избори продолженија, постигна 27 поени, а Кармело Ентони уфрли 21 кош.
Резултати:
Детроит-Филаделфија 98:109
Атланта-Јута 98:116
Мајами-Бостон 78:95
Финикс-Хјустон 123:111