Ренова го совлада тимот на Академија Пандев со 3:1 во првиот меч од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига, продолжувајќи ја одличната домашна низа.
Гафури во 27. минута донесе водство за домаќините, пред Мишковски во 36. минута да го зголеми водството, пред Лукао да донесе убедливи 3:0. Марков во последните минути го постигна единствениот гол за Академија Пандев, кои загубија по три победи во низа.
Ренова сега е петтопласирана во шампионот со 17 поени, додека Академија Пандев пропушти шанса да се доближи на лидерот Шкендија и остануваат втори со 21 поен. Останатите мечеви од ПМФЛ се играат утре.