Top Sport

Фирмино сериозно се повредил против Атлетико

Ливерпул, во средата го победи Атлетико, избори пласман во нокаут-фазата во Лигата на шампионите, но остана без Роберто Фирмино.

Бразиелцот, против Атлетико, влезе во игра во второто полувреме, одигра десетина минути и пота Јирген Клоп го извади од игра.

„Проблем е што останавме без Фирмино. Знаевеме дека е нешто сериозно. Сигурно е дека ќе отсуствува четири недели, можеби и подолго. Мислам дека повредата е многу сериозна. Потоа ќе видиме“, рекол Клоп.

Фирмино од почетокот на сезоната има постигнато четири гола во Премиер лигата и два во Лигата на шампионите.

Scroll to Top